За Солар Спектар АГ


Соларни системи во Македонија

Компанијата СОЛАР СПЕКТАР АГ ДООЕЛ е основана во 2011 година со единствена цел дејствување во областа на обновливи извори на енергија. Инженерскиот кадар во компанијата е комплетно обучен во Германија и ги поседува сите потребни сертификати за квалитетна изработка на проекти. Потребните знаења и искуствата се добиени во периодот од крајот 2009 година до средина на 2010 година каде наши вработени учествуваа на проекти во Германија, при инсталирање на фотоволтаични централи на кровни конструкции како и при нивно проектирање заедно со проектантски тим од Германија. Комплетната изведба и монтажа на фотоволтаичните централи ја извршуваат сертифицирани работници кои своето искуство го надополнија со веќе инсталирани 4MW во Република Македонија.

Компанијата Солар Спектар АГ врши консултантски услуги, проектирање и технички решенија од областа на обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност а како приоритетна дејност се фотонапонските централи приклучени на мрежа, ”паметните куќи” кои во голем дел би биле независни од енергетската мрежа и островски решенија во области каде што нема приклучок на енергетската мрежа. Изработуваме комплетни технички решенија, изработка на проекти, изведба на системите, надзор и пуштање во работа на фотонапонските централи и комплетно одржување по пуштање на работа на системите.